HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКое е најдоброто гитарско соло во историјата на рок музиката?

Кое е најдоброто гитарско соло во историјата на рок музиката?

Гитарското соло во култната рок балада „Stariway to Heaven“ од легендарните „Led Zeppelin“ е избрано за најдобро соло на сите времиња според мислењето на бројни критичари, музичари и читатели во анкетата на магазинот „Classic rock magazine“. Хитот од 1971 година и гитарското соло на Џими Пејџ се најде на првото место на оваа листа и на тој начин ја остави нумерата „Comfortably numb“ од „Pink Floyd“ на втората позиција и исто така легендарното соло на Дејвид Гилмур.

Што се однесува до Џими Пејџ, тој верува дека имал и подобри сола. „Дали „Stariway to Heaven“ е најдоброто соло на „Led Zeppelin“? Не, но е прилично добро!“, вели Пејџ, не сакајќи да именува која песна ја преферира повеќе.

Сепак, изјави дека му годи кога ќе слушне вакво признание. Како што веќе беше кажано, на второто место се најде Дејвид Гилмур со солото во хитот „Comfortably numb“, посебно во изведување на концертите за време на турнејата „Pulse“.

На третото место се најде дуото од составот „Eagles“ Дон Фелдер и Џо Волш со песната „Hotel California“, а веднаш зад нив се наоѓа Ален Колинс од рок бендот „Lynyrd Skynyrd“ со добро познатото соло од култната песна „Freebird“.

Човекот кој засекогаш го промени рокот и е сама по себе легенда на рок и блуз музиката, Џими Хендрикс, се најде на петата позиција со солото од песната „All Along The Watchtower“. После него се Еди Ван Хален со „Eruption“, Брајан Меј и нумерата „Killer Queen“, Слеш во нумерата „Sweet Child O’ Mine“, Принц во нумерата „Purple Rain“ и Тони Иоми со гитарското соло од „Paranoid“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com