HomeГИГА БАЈТСмартфонKodak претстави телефон кој личи на ретро фото апарат

Kodak претстави телефон кој личи на ретро фото апарат

kodak-ektra1

Познатиот фотографски бренд Kodak лансираше нов смартфон со цел да фати приклучок во модерното дигитално време со моделот Ektra кој има моќни хардверски компоненти и разбирливо фантастична дигитална камера.

Kodak Ektra е лансиран со 5 инчен Full HD дисплеј, работи со десет-јадрен Mediatek Helio X-20 процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија со слот за microSD картичка, доста солидна батерија со капацитет од 3000 mAh, додека пак софтверот е основан на Android 6.0 Marshmallow систем.

kodak-ektra-2

Камера телефонот Kodak Ektra има сензор од 21 мегапиксел на задната страна со леќа од шест оски, оптичка стабилизација, има HDR, промена на фокусот, бројни опции за прилагодување на сцената со автоматско и мануално прилагодување и снимање на 4K HD видеа.

Дизајнот на Kodak Ektra е во стилот на старите фото апарати кои имаа кожна основа на задната страна и изгледа ретро што е многу симпатично. Kodak Ektra ќе биде пуштен во продажба во декември по цена од околу 500 евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com