Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКобен референдум во Турција – две лица загинаа во тепачка на гласачко место

Кобен референдум во Турција – две лица загинаа во тепачка на гласачко место

Референдумот во Турција кобен за две лица. Двајца гласачи ги загубија животите денеска во тепачка што изби пред избирачко место во југоисточната провинција Дијарбакир за време на референдумско гласање, јави Анадолија.

Расправијата меѓу две семејства завршила со смртен исход во школски двор во село на југоисток во Турција каде денеска се гласа на референдум. Засега не се знае што е причината за расправијата, јави Анадолија. Дел од другите турски медиуми јавија дека причина било „несогласување во политички ставови“. Едено лице е префрлено во болница додека две лица се приведени по инцидентот.