HomeДЕНЕШНАПолитикаКоалицијата за промени и правда, Левица, ПДП и ЛП ги доставија листите во ДИК

Коалицијата за промени и правда, Левица, ПДП и ЛП ги доставија листите во ДИК

dik

Коалицијата за промени и правда и партиите Левица, ПДП и ЛП до вечерва во Државната изборна комисијa ги доставиле своите пратенички листи за претстојните предвремени парламентарни избори.

Откако партиите ќе ги поднесат листите, ДИК треба во рок од 48 часа од доставувањето да ги разгледа и потврди. Доколку се констатираат неправилности, ќе им укажат на подносителите, кои ќе треба да ги отстранат тие неправилности во период од 48 часа. По потврдувањето на листите, ДИК има законска обврска да изготви изборен кодекс и да им го понуди на партиите учеснички на изборите, да го потпишат.

Рокот за поднесување на листите истекува вечерва на полноќ, но партиите и коалициите се чини ќе го чекаат последниот момент. Од ДИК велат дека очекуваат листите да бидат поднесени во законски предвидениот рок.

Инаку, вечерва на полноќ завршува и јавниот увид во Избирачкиот список, за пријавување на државјаните на Република Македонија за гласање во странство, како и за обновување на избирачкото право на лицата со спорни записи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com