HomeАНТИСТРЕСХороскопКоја професија е идеална за вас според хороскопот?

Која професија е идеална за вас според хороскопот?

Во едно астролошко истражување во САД биле интервјуирани преку 9 илјади работници, за професијата која ја одбрале, професијата која би сакале да ја имаат и направените компромиси. Тенденциите запишани во ѕвездите само биле потврдени од нив, што значи дека и доколку не верувате во хороскоп, треба да ја погледнете оваа анализа.

Овен
Овните имаат силна волја, полни се со ентузијазам и енергија и имаат силен натпреварувачки дух. Поради храброста, најчесто ќе ги најдете во професиите исполнети со опасности (полицајци, пожарникари итн.). Исто така, овните се одлични промотори, па многу лесно можат да влезат во светот на маркетингот. Најдобри професии: војник, спасувач, политичар, телевизиски презентер, раководител во голема компанија, сопственик на мал бизнис, личен тренер, спортист.

Бик
Биковите најмногу уживаат во стабилноста. Ќе работат напорно, но само ако имаат одредени гаранции: осигурување, одмор, добра плата и сигурност на работата. Најчесто имаат убав глас, па можат да работат како: спикери, говорници или рецепционери. Најдобри професии: сметководител, наставник, инженер, адвокат, дизајнер, градинар, готвач.

Близнаци
За близнаците да бидат среќни треба да имаат многу работа и таа работа да биде стимулативна. Совршени се за професии кои бараат многу патување и интеракција со луѓе. Близнаците се оптимисти, полни со енергија, па треба да се поттикнуваат на самоизразување, наместо да се ограничуваат со традиционалните правила. Најдобри професии: брокер, техничка поддршка, наставник, новинар, архитект, машинист, спасувач.

Рак
Ракот е мајката на зодијакот (јарецот е таткото), па овие луѓе најчесто се снаоѓаат добро во професиите кои бараат грижа за одредени нешта. Сепак, ова не значи само работа со деца или кученца. Раковите се одлични директори, затоа што треба да се однесуваат слично како мајка која има премногу обврски во исто време. Раковите даваат одлични совети и се заштитнички настроени. Одговорни се и многу лесно ги решаваат проблемите. Најдобри професии: градинар, социјален работник, адвокат, наставник, директор, војник, нутриционист.

Лав
Никој не може подобро да ја одведе компанијата до успех и профит како што може моќниот лав. Тој е бестрашен, инспиративен и независен. Најдобро работи кога е во фокусот на вниманието и обожава професии кои со себе носат статус и моќ. Не сакаат микро менаџирање, бидејќи се снаодливи и имаат интегритет, а најдобро им оди кога треба да водат, наместо да следат. Најдобри професии: директор, актер, туристички водич, агент за недвижности, декоратор, моден креатор, политичар, продавач.

Девица
Девиците се познати по перфекционизмот и добро се снаоѓаат во професии кои бараат големо внимание на деталите. Имаат одлично помнење, најдобро им оди со апстрактните нешта и се крајно уредни. Одлични се за професиите од услужниот сектор – невозможно е да бидете незадоволни со келнер кој е девица во хороскоп. Пишувањето, истражувањето и статистиката се едноставни за темелните девици. Лесно можете да се разберете со нив, затоа што се многу весели. Имаат смисла за јазици. Најдобри професии: уредник / писател / новинар, наставник, критичар, техничар, преведувач, детектив, статистичар.

Вага
Што би правеле без терезиите? Згодни се, шармантни, грациозни и забавни. Корпоративната природа ги прави одлични амбасадори и тимски водачи. Не се личности кои би се затвориле во професија во некоја темна соба – напротив, тие просперираат во раздвижени професии, постојано опкружени со луѓе. Голем број терезии тежнеат кон уметноста и почесто би биле пејачи во бендови, кои имаат честа интеракција со публиката, отколку повлечени текстописци. Најдобри професии: дипломат, танчер, продавач, преговарач, агент во туристичка агенција, надзорник.

Скорпија
Скорпиите се интензивни. Ако Ви е потребен некој да деактивира бомба или да изведе сложена операција на мозок, тогаш ќе сакате тој некој да е роден во знакот на скорпија. Тие се способни да ги блокираат сите непотребни информации, да се концентрираат и да се фокусираат како ласер. Љубопитни се и често се привлечени од мистерии, па затоа никогаш не би сакале да Ве испрашува скорпија, бидејќи не само што се застрашувачки, туку и крајно интуитивни. Тежнеат да откријат како функционираат нештата и ги привлекуваат абнормалните нешта. Никогаш не треба да им висите над глава, затоа што ним им е потребна независност и доверба од работодавачот. Најдобри професии: детектив, адвокат, наставник, научник, хирург, физичар.

Стрелец
Стрелците се етични, енергични и филозофски настроени. Одлични се кога станува збор за носење одлуки и секогаш се фер шефови. Голем број стрелци се духовни, што може да значи дека ќе се ориентираат кон кариери во кои главна улога играат животната средина, животните, но и религијата. Сакаат да патуваат и да бидат на чист воздух. Како колеги се симпатични и тешко можете да ги мразите, затоа што тензичните ситуации најчесто ги решаваат со хумор. Не сакаат да бидат врзани на биро, а рутината ги убива. Најдобри професии: наставник, свештеник, дресер, уредник, односи со јавност, тренер и сите професии поврзани со патување.

Јарец
Јарците се крајно амбициозни и им се потребни предизвици за да бидат среќни. Најголемиот дел од нив се одговорни и самосвесни, а многумина уживаат во моќта. Се придржуваат до правилата и очекуваат сите други да го прават истото. Ако сакате нешто да биде завршено како што треба и според упатствата, побарајте јарец. Најдобри професии: менаџер, администратор, архитект, дизајнер, уредник, банкар, IT и сè останато што е поврзано со наука.

Водолија
Нештото што ги одделува водолиите од сите останати е нивната хуманистичка природа. Сакаат да ги истражуваат авангардните идеи и имаат љубопитна и авантуристичка страна. Секогаш имаат некоја неконвенцијална, можеби и тукушто настаната професија. Не се задоволуваат со завршување на нештата онака како што дотогаш биле завршувани, па затоа, ако Ви е потребен нов пристап, водолиите нема да Ве разочараат. Најдобри професии: научник (ако можат да истражуваат нови теории), иноватор, органски фармер, авијатичар, дизајнер, музичар.

Риби
Рибите се најстариот знак во зодијакот и затоа голем дел од нив имаат „стара душа“. Најчесто се креативни и страсни. Одлично им одат традиционалните уметности (музика, танц, фотографија). Исто така, имаат одлична интуиција. Ако Вашиот фризер е роден во овој знак, не само што ќе Ви направи модерна фризура, туку ќе се потруди таа фризура најдобро да Ви одговара на карактерот. Голем број астролози и специјалисти за тарот се родени во овој знак. Исто така, интуицијата им помага на рибите и во професиите во кои се бара сочувствителност. Најдобри професии: уметник, медицинска сестра, физиотерапевт, филантроп, ветеринар, психолог.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com