HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКоја е најбогатата млада ѕвезда според магазинот „Форбс“?

Која е најбогатата млада ѕвезда според магазинот „Форбс“?

images

Според листата која ја објави популарниот магазин „Форбс“ Тејлор Свифт е најбогата млада ѕвезда до 30 години во светот. Тејлор Свифт ја освои оваа титула благодарение на неверојатната заработка од 170 милиони долари во периодот од 1 јуни 2015 година до 1 јуни 2016 година. Приходите се прво од успешниот нејзин албум “1989”, како и од светската нејзина турнеја. Свифт имаше и неколку промотивни договори, кои исто така придонеле за масивното богатство.

Ѕвездата и поранешна партнерка на актерот Том Хидлстон, беше прогласена претходно овој месец и за највисокоплатената жена во музичкиот бизнис. Во листата на Forbes ја следат минатогодишните првенци – момците од британско-ирската формација “One Direction” со 110 милиони. Третото место не е за музичар, туку за фудбалерот Лионел Меси, кој е сопственик на 81,5 милиони. Петорката ја дополнуваат Адел и Ријана, со 80.5 односно 75 милиони долари годишна заработка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com