HomeДЕНЕШНАСветКој ќе управува со богатството на Трамп?

Кој ќе управува со богатството на Трамп?

635981997032283106-2082279982_trump-pic

Откако Доналд Трамп е избран за претседател на САД и во јануари следната година ќе положи свечена заклетва ќе треба да ги замрзне своите финансиски и бизнис активности и целосно да се посвети на позицијата, па прашање е кој ќе може да менаџира со неговата бизнис империја.

Нема специјален закон околу тоа прашање, но се подразбира дека кога претседателот стапува на должност, го предава својот имот на некоја финансиска институција која ќе управува со неговите средства, за да ја елиминира секоја можност од конфликт на интереси. Притоа некои експерти се повикуваат на членот од Уставот на САД, што забранува на претседателите да прифаќат подароци од странски држави. Тука се поставува прашањето – дали може приходите, коишто Трамп ги добива од своите фирми во странство, да се сметаат како „подарок” , се нагласува во репортажата на Си-Ен-Ен и се додава дека експертите по уставно право ќе треба да се изјаснат по тоа прашање.

Во текот на кампањата Доналд посочи дека има три паметни и искусни деца кои може да ја преземат неговата одговорност и да ја водат компанијата, но многумина ги критикуваа дека тоа е неуставно бидејќи се крвно поврзани во прва линија и нивниот татко може да им влијае врз одлуките.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com