HomeДЕНЕШНАРегионКој ќе се бања во загадено море ако Црна Гора вади нафта

Кој ќе се бања во загадено море ако Црна Гора вади нафта

Еколозите и туристичките работници од Црна Гора се загрижени ако започне да се експлоатира нафта од морето која може целосно да го загади регионот. Доколку дојде до еколошка или природна катастрофа тоа ќе значи крај на турзимот вреден 800 милиони долари годишно и илјадници туристи кои уживаат во црногорското приморје.

Драгутин Домитровиќ од компанијата Кроско која беше задолжена за бушотини и истражувања уверува дека целиот проект ќе биде според највисоки светски стандарди за заштита на животната средина и нема никаква опасност за туризмот од загадување.

Наташа Ковачевиќ од невладината „Зелен дом“ посочи дека Црна Гора со потпишување на договорот за концесија на производство на јаглеводороди од приморјето всушност си ја потпишала смртната пресуда за 25-годишнината на еколошката држава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com