HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураКој ќе биде добитник на Нобеловата награда за литература?

Кој ќе биде добитник на Нобеловата награда за литература?

Името на овогодинешниот добитник на наградата за литература ќе биде објавено на 13 октомври, една недела подоцна отколку претходните години, соопшти Нобеловиот панел кој ја доделува оваа престижна награда. Вообичаено е Нобеловата награда за литература да се објавува во истата недела кога се доделуваат и другите Нобелови награди, чие објавување е закажано за следната недела. Сепак, објавувањето на Нобеловата награда за литература е презакажано за средината на октомври, поради обврски на Академијата.

На листана на кандидати за Нобелова награда се наоѓаат автори кои веќе неколку пати до сега биле предложувани, а најдобро котира јапонскиот автор Харуки Мураками. Кандидати се и сирискиот поет Адонис и кенискиот автор Нгуги ва Тионго, но и американските автори Дон Делио, Филип Рот и Џојс Керол Оутс.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com