HomeГИГА БАЈТСмартфонКој е најбрзиот смартфон на пазарот?

Кој е најбрзиот смартфон на пазарот?

AnTuTu бенчмаркот тестот ја сподели својата листа на уреди кои покажаа најдобри резултати во текот на месец септември, на која и двата најнови Apple телефони ги заземаа првите места.

iPhone 7 и iPhone 7 Plus се на првото место од списокот за најбрзи телефони, изработен од мерењата на AnTuTu. Смартфоните на Apple работат со А10 Fusion процесорот кој има две ефикасни јадра за секојдневни задачи и две уште помоќни јадра плус, наменети специјално за потешките задачи.

Со А10 Fusion процесорот се распоредува моќноста и се штеди на батеријата која добива 2 часа дополнителна работа. Најголема предност на чипсетот на iPhone 7 и iPhone 7 Plus е што користи графичка карта со шест јадра и токму затоа перформансите се импресивни.

Зад iPhone 7 моделите се најдоа конкурентите на Samsung, Galaxy S7 моделите, OnePlus 3, Huawei Mate 8 и Huawei P9.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com