HomeДЕНЕШНАЕкономијаКнижарницата Табернакул затвора по 17 години постоење

Книжарницата Табернакул затвора по 17 години постоење

tabernakul

Книжарница „Табернакул“ на Рекорд затвора по 17 години постоење. „Табернакул“ е првиот приватен издавач во земјава, формиран пред нејзиното осамостојување, во 1989 година.

„Знаеме дека е ова тажна вест, особено за нашите лојални читатели и пријатели со кои ќе памтиме многу незаборавни моменти низ изминативе години поминати во книжарницата, но по долго размислување, сепак одлучивме дека веќе е невозможно за нас да одиме против економската логика. Долго време, на некој начин ја субвенциониравме книжарницита која немаше профит што ќе ги покрие трошоците, вклучувајќи ја и киријата. Просторот е на Министерството за култура. Оттаму, по пазарни услови беше формирана и закупнината што ни стана претешко за покривање, и договорот беше раскинат. Овој момент одлучивме да го сфатиме како мотивирачка можност за нови идеи, нова свежина што би ја понудиле во иднина“, вели Главниот уредник Ванчо Каранфилов.

Како што стои на нивниот Фејсбук профил, изданијата на „Табернакул“ ќе се купуваат како и досега, онјлајн на купикнига .мк и во мрежата на книжарници кои ги имаат правата за продажба на нивните изданија.

Издавачот објавува дека нивниот телефонскиот број 3133 058 и имејл адресата knizara@gmail.com ќе бидат во функција и понатаму за сите барања и информации на своите верни читатели, на кои им се бескрајно благодарни за поддршката низ сите овие години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com