Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКлучни часови за шестгодишниот Марко од Хиподром – Мајката во кома, приклучена на апарати за дишење!

Клучни часови за шестгодишниот Марко од Хиподром – Мајката во кома, приклучена на апарати за дишење!

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека семејството од Хиподром од кое мајка вечера го фрли шестгодишниот син од четвртит кат на зградата во која живеат, а потоа и таа скокнала,  не било предмет на стручните социјални служби.

– Во врска со немилиот настан кој што се случи денеска во населбата Хиподром и којшто ја потресе јавноста, Министерство за труд и социјална политика по спроведената активност за проверка ја информира јавноста дека семејството не било предмет на стручните служби на Центарот за социјална работа-Скопје и подрачните единици на Центарот, се вели во соопштението од МТСП.

Од СВР-Скопје, истотака, велат дека досега немало никакви пријави за семејно насилство ниту од членови на семејството ниту од соседите.

По настанот детето и мајката во животна опасност се хоспитализирани во Ургентниот центар во Скопје. Шестгодишниот Марко, според последните достапни информации, е контактибилен во стабилна состојба, но тешка ситуација по здобиената тешка фрактура на черепот. Сега е најважно да не се појави внатрешно крварење на мозокот во следните клучни 24 часа, што би можело да биде фатално. Според кажувањата, детето се буди повремено плачејќи барајќи го татко си.

Мајката е сеуште во критична состојба со повреди на градите и скршеници на сите ребра од сите страни, таа во состојба на кома била приклучена на апарати за дишење. Лекарите не сакаат да даваат прогнози околу шансите за преживување. Бабата на детето вели дека мајката подолго време страдала од психичко растројство и депресија, за што посетувала и психијатар, но во последно време не сакала да ја пие терапијата. Честопати, поради ефекот на болеста, мајката го казнувала шестгодишниот Марко на многу сурови начини.

Од МВР велат дека работат на расветлување на случајот.


Н.С