HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКлоп тргна по Дембеле, ова ќе биде првата понуда!

Клоп тргна по Дембеле, ова ќе биде првата понуда!

b151aced8505769020161122112813

Оние кои го следат Селтик оваа сезона лесно можат да заклучат дека Муса Дембеле е играч по мерка за Јурген Клоп. Клоп во неколку наврати напомна дека би можел да донесе засилувања уште во јануари, посебно бидејќи има проблеми со повреди во офанзивната линија, а познато е дека Садио Мане ќе оди на Африканскиот куп на нации со својата репрезентација.

Се повреди и Филипе Кутињо, а тоа беше само дополнителен мотив за медиумите на островот да започнат со шпекулации околу потенцијални можни трансфер мети на Ливерпул. Многумина очекуваат враќање на стариот Стариџ, а се очекува и Ориги да добие поголема улога во иднина. Сепак, доколку тие до јануари не покажат што знаат, очекувајте засилувања, а тоа би можел да биде токму споменатиот Муса Дембеле.

Се пишува дека е подготвена понуда од 10 милиони фунти за овој 20-годишен фудбалер, а со бонуси Селтик би можел да заработи и до 20 милиони фунти на овој трансфер. Останува да видиме како Брендан Роџерс и Селтик ќе одговорат на оваа понуда на „Црвените“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com