HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКлоп пронајде замена за Ингс и Мане

Клоп пронајде замена за Ингс и Мане

fb68428e640481503020160104141319

Ингс е повреден, Садио Мане нема да биде со екипата еден месец, што значи дека Клоп во јануари ќе мора да побара решение. Јурген Клоп уште од порано најави дека ќе пронајде адекватно решение во зимскиот трансфер период поради големите проблеми со кои може да се соочи овој тим во нападот.

Мане кој е еден од најдобрите поединци во Ливерпул, ќе мора на Афричкиот куп на нации, па ќе биде отсутен околу еден месец, додека Дани Ингс кој има проблеми со повредата постои можност за него сезоната да е готова. Како што пренесуваат англиските медиуми Клоп најверојатно ќе се обиде да го доведе напаѓачот Сардар Азмун.

Скаутите на Ливерпул веќе одреден период го следат овој фудбалер и сметаат дека тој може да го замени споменатиот двоец. Азмун Игра во Ростов, по потекло е од Иран, игра и за репрезентацијата на оваа земја за која на 22 настапи забележа 16 погодоци. За потсетување, овој фудбалер има само 21 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com