HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКлоп откри кога планира да замине во пензија

Клоп откри кога планира да замине во пензија

Тренерот на Ливерпул Јурген Клоп денес изјави дека планира да се повлече од фудбалот пред да наполни 60 години. „Ќе дојде денот кога ќе кажам доста. Би ви кажал дека е многу мала веројатноста да бидам тренер и на 60 години. Сигурно ќе се вратам во Германија за да продолжам да живеам таму, но не знам дали ќе се вратам таму како тренер. Не сакам на крајот на својата кариера со своето присуство да нервирам некого кој не сака да сум таму“, изјави Клоп.

49-Годишниот Клоп ја започна својата кариера во Мајнц во 2001 година, подоцна ја тренираше и Борусија Дортмунд од каде минатата година седна на клупата на Ливерпул. „Доколку, Мајнц, Дортмунд и Ливерпул останат единствените три клуба кои сум ги тренирал во својата кариера, барем ќе знам дека сум работел во фантастични екипи“, додаде Клоп.

„Знаев дека ќе биде тешко да го одбијам Ливерпул доколку бидам повикан. Од секогаш го сакав Ливерпул. Така од секогаш го замислував фудбалот, исклучително емотивен. Сега сакам да продолжиме со развојот на клубот и да бидеме во состојба за освојување на титули“, заклучи германскиот тренер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com