HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКлоп има план, ја следи состојбата во Барселона!

Клоп има план, ја следи состојбата во Барселона!

Германскиот стратег го означи фудбалерот на Барселона како примарна трансфер цел во следниот период. Управата на клубот вредно работи за во јануари да доведе уште еден офанзивец во тимот. Имено, Ливерпул ја следи состојбата со фудбалерот на Барселона Арда Туран. Турскиот фудбалер беше редовен на стартот на сезоната, но беше јасно дека ќе го загуби местото кога ќе се врати Нејмар. Тоа и се случи, поранешниот везист на Атлетико има се помали шанси на „Камп Ноу“.

Целата оваа ситуација би можела да го натера и самиот фудбалер да разгледа други опции, а нема сомевање дека Ливерпул би бил и тоа како примамлива алтернатива. Конечно се активни во бобрата за титулата во Англија, моментално се и на лидерската позиција, со Клоп се оди како подмачкано, а парите секако нема да бидат проблем. Значи, Туран лесно би можел да заврши во Ливерпул и тоа можеби уште во јануари.

21263_640

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com