HomeДЕНЕШНАСветКлинтон тешко го поднела поразот, но му дава шанса на Трамп

Клинтон тешко го поднела поразот, но му дава шанса на Трамп

hilari-klinton

Хилари Клинтон мораше да ја проголта гордоста и да се појави на јавен хуманитарен настап за прв пат по изборите кои ги изгуби од Доналд Трамп иако сите анкети и предвидуваа сигурна победа. Тоа премногу ја разочарало, но на американскиот народ му порача дека треба да му даде шанса на новиот претседател.

– Ќе признаам дека доаѓањето овде не беше најлесно за мене. Знам дека многумина од вас се разочарани од изборните резултати. И јас сум исто така, многу повеќе од колку што можам да се изразам. Сакав да се свиткам со добра книга во рацете и никогаш да не ја напуштам куќата. Знам дека не е лесно и знам дека многу луѓе изминатава недела се прашуваа дали Америка е земјата која ја знаеме ние, изјави Клинтон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com