Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМилошев: Клиничката болница во Штип е потврда за агонијата на македонското здравство

Милошев: Клиничката болница во Штип е потврда за агонијата на македонското здравство

Клиничката болница во Штип е потврда за агонијата на македонското здравство и нефункционирањето на здравствениот систем, изјави Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

-„Додека власта на ВМРО-ДПМНЕ досега потроши 630 милиони евра, пари за споменици во Скопје, Тодоров, којшто го гледаме деновиве опуштен на плажите во Грција, штеди на здравјето на граѓаните од цела источна Македонија. Тодоров е должен да им одговори на болните од шеќерна болест, зошто насилно и неоправдано ги префрла од поквалитетните аналогни на поефтините т.н хумани инсулини. За Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните е помалку вредно од палмите и галиите.

Болните од малигни заболувања се принудени сами да ги купуваат цитостатиците и да патуваат до Скопје за да ја добијат потребната хемотерапија. Бункерот за зрачна терапија , кој одамна требаше да биде готов, не го дочека светлото на денот.

После цели десет години лажни ветувања за реконструкција на постојната или изградба на нова болница во Штип, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да прикаже дека нешто се презема.

Стручното усовршување на лекарите во странство е обична приказна, којашто во пракса изгледа сосема поинаку. Затоа лекарите заминуваат од Македонија и тоа по 200 лекари годишно.

Поради криминалните политики, во Македонија умираат 14 бебиња на 1.000 живородени, или три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!“