HomeДЕНЕШНАЕкономијаКлиматските промени ќе остават стотина милиони нови гладни усти

Климатските промени ќе остават стотина милиони нови гладни усти

Негативните последици на климатските промени со екстремна суша ќе има директно влијание врз земјоделието и условите за живеење во многу региони на светот со што стотина милиони ќе останат без егзистенција и можност да се прехранат. Во следните 15 години климатските промени може да доведат до голема сиромаштија на нови 122 милиони луѓе кои би се соочиле со глад.

Најголем дел од овие луѓе живеат во југоисточна Азија и Африка. Во овие делови на светот земјоделците ќе се соочат со голем пад на производството, сметаат од Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

ФАО предупредува дека немањето храна може да се пренесе на сите региони. Од ФАО повикуваат на широка преобразба на системот за храна и земјоделство за да се прилагоди кон потопла клима со потенцирање на поддршка на малите производители.

klimatski-promeni-afrika

Засега околу 780 милиони луѓе се гладни и тие се претежно во држави во развој. Тоа се околу 12%  од популацијата во тие краишта. Сепак, развиените држави со начинот на производство на храна придонесуваат за загадување на животната средина, и директно влијаат на зголемена емисија на штетни гасови што е штетно.

Македонија не е изолирана од последиците на климатските промени, голем дел од експертите апелираат на последиците кои може да ги очекуваме особено врз земјоделието, економијата и животната средина. Зголемувањето на температурите доведе до непредвидливи временски прилики, а во иднина може да се очекува и силна суша, како и негативен одраз врз продуктивноста.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com