Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКлиматските промени ќе влијаат вкусот на виното

Климатските промени ќе влијаат вкусот на виното

Следните неколку години ќе бидат клучни за вкусот на виното „кианти“ кој би можел да се смени поради климатските промени и нивното влијание на квалитетот на земјоделското производство, се наведува во анализата што ја спроведе Националниот совет за истражување во Фиренца, а која беше претставена на 12. Меѓународен форум Гренакорд во Риети. Освен вината, промената на квалитетните својства со климатските промени ги очекува и многу други земјоделски производи, но виното е многу чувствително на фактори, како што се нивото на температурата и врнежите, па затоа токму на виното може најдобро да се следи влијанието на климатските промени.

Според наводите во студиите, ситуацијата се’ уште не е толку драматична, но знаците на предупредување доволно се загрижувачки.

Важно е усвојување на нови потрошувачки пракси, а тоа е купување на што повеќе локални произведени сезонски производи, со што директно ќе влијае на намалување на емисијата на јаглероден диоксид и поттикнување и јакнење на локалното земјоделство. Ако таквите производи се добиени со помош на земјоделски пракси со мало влијание на околината, дополнително се намалува влијанието на земјоделството на вкупната емисија, а притоа се придонесува и на сопственото здравје со консумирање на квалитетни производи.