HomeДЕНЕШНАЕко ФакторКлиматските промени им се закануваат на 150 милиони луѓе кои ќе бидат поплавени

Климатските промени им се закануваат на 150 милиони луѓе кои ќе бидат поплавени

poplavi2

Над 150 милиони луѓе се во директна закана од поплавување поради влијанието на климатските промени со екстремни непогоди и раст на нивото на водата во морињата, предупреди генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун на самитот во рамките на Светската конференција за климатските промени во Маракеш.

„Треба да ги  гледаме фактите во очите и да се подготвиме за надминување на последиците од идни природни катастрофи”- посочи Бан.

Тој истакна дека треба да се постигнат целите на одржлив развој.

„Треба да се стремиме да ја ограничиме емисијата, за да не доведат до затоплување од над 2 степени Целзиусови или уште подобро – од 1,5 степени”-истакна Бан.

Генералниот секретар на ОН истакна дека 2015 година била доста топла, а се очекуваат и потопли години. Бан рече дека земјите треба да покажат храброст, мудрост и предвидливост во извршувањето на преземените обврски за заштита на идните генерации и на целата планета. Шефот на светската организација ги повика богатите земји да ги исполнат своите обврски и до 2020 година да обезбедат 100 милијарди долари на земјите во развој, за да можат да се прилагоди на климатските промени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com