Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКлиматска рехабилитација за 200 деца на Пелистер

Климатска рехабилитација за 200 деца на Пелистер

Министерството за животна средина и просторно планирање успеа да обезбеди седумдневна рехабилитација на Пелистер за 200 деца кои патат од болести на респираторниот систем, анемии, алергии и слично, а се резултат на историско загадување.

Активноста се реализира согласно Програмата на Министерството и на Владата на Република Македонија, чија организација е под покровителство на Друштвото на родители за грижа на здраво поколение од Велес.

Во проектот се опфатени деца од  Велес, с. Осломеј, с. Возарце и с. Миладиновци, кои се дефинираат како населени места непосредено изложени на историското загадување од индустриските капацитети ОКТА, ОСЛОМЕЈ и ФЕНИ.