Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКласика и фолклор ќе прозвучат во Струга – започнува арт фестивалот ,,Езерски бисери"

Класика и фолклор ќе прозвучат во Струга – започнува арт фестивалот ,,Езерски бисери"

Настапите на млади и талентирани уметници од неколку европски земји на летната сцена кај хотелот ,,Бисер” во Струга вечерва ќе го означат почетокот на 12от Меѓународен арт фестивал и натпревар „Езерски бисери 2015“

Во двете предвидени категории (класика и естрада, кореографија, фолклор) во предвидените две фестивалски вечери ќе се натпреваруваат млади од Македонија, Русија, Малта, Франција, Полска, Белорусија, Србија, Бугарија, Словенија, Швајцарија, Молдавија.

Гала концертот на кој ќе настапат најдобрите учесници ќе се одржи на 11 август во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, кога ќе бидат доделени и наградите во програмата естрада, кореографија, фолклор.

На фестиваската програма на 5 август ќе се одржи „Вечер на славјански песни и танци“, а следниот ден „Вечер на француската култура“. Предвиден е и концерт на органа на Анастасија Игошина во Католичката црква во Скопје.

Најдобрите македонски учесници на „Езерски бисери“ имаат можност за настап на повеќе реномирани светски фестивали, меѓу кои и „Славјански Базар“ во Белорусија