Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмКит Харингтон: Враќањето на Џон Сноу беше разочарувачко

Кит Харингтон: Враќањето на Џон Сноу беше разочарувачко

Враќањето на Џон Сноу од мртвите и не беше големо изненадување во однос на шпекулациите кои претходеа за тоа пред почетокот на сезона 6. Меѓутоа, она што обожавателите никако не можеа да го предвидат беше тоа дали враќањето од мртвите ќе го промени еден од нивните омилени јунаци во серијата. Актерот Кит Харингтон откри дека цело време знаел дека ликот кој го игра ќе се врати од мртвите.

„Знаев дека ќе ме оживеат, но незнаев дали овојпат ќе бидам друга личност, или пак можеби лошиот во приказната. Па така не можев однапред да се подготвам, што за мене беше многу тешко. Го добил сценариото и видов дека Џон Сноу се враќа како типичен Џон Сноу и морам да признаам дека на почетокот тоа беше разочарувачко за мене“, вели Харингтон.

Сепак, неговото разочарување не е траело долго откако ги дознал деталите од улогата во предстоечката сезона. „Но Џон Сноу има одговор на прашањето „што потоа“. Тој знае што следи после смртта и тоа со време го одредува кој е тој и што сака да постигне“, додава актерот. Седмата и осмата сезона од популарната серија „Game od Thrones“ ќе бидат и последни со значително помал број на серии по сезона.