HomeДЕНЕШНАСветКисинџер: Трамп е единствен, дајте му шанса

Кисинџер: Трамп е единствен, дајте му шанса

henri-kisindzer

„Новоизбраниот претседател е поразличен од сите до сега во еден аспект- тој апсолутно нема никави оптеретувања“, смета Кисинџер. Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер после средбата со Доналд Трамп изјави дека тој е „единствен“ меѓу новоизбраните претседатели бидејќи „нема обврски кон одредена посебна група“.

„Овој претседател е поразличен од сите останати бидејќи нема никакви оптеретувања кон никого. Тој стана претседател врз основа на своја сопствена стратегија и претставувајќи и на американската јавност програма која неговите ривали ја немаа. Токму поради тоа ова е единствена ситуација“, вели Кисинџер.

„Сметам дека не треба да се става акцент на сите негови ветувања во неговата кампања за кои тој нема да инсистира. Секако, доколку инсистира тогаш ќе се јават несогласувања, но треба да му дадеме прилика да развива позитивни цели и да разговара за нив“, истакна Кисинџер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com