Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеКисела Вода ќе добие Дом на култура до крајот на 2015-та

Кисела Вода ќе добие Дом на култура до крајот на 2015-та

Општина Кисела Вода во полн ек работи на реконструкцијата, санацијата, адаптацијата и доградбата на Домот на култура, јавуваат локалнте власти.

Градежните работи се реализираат во надлежност на Министерството за култура и во моментов се работи на внатрешноста на објектот: градежно-занаетчиски работи, челична конструкција на сцената и спроведување инсталации, односно електрична инсталација и систем за ладење и греење.
domkulturakv1Граѓаните на Кисела Вода ќе можат одново да следат кинопроекции, театарски претстави, концерти, изложби и други културни манифестации кои долго ги немало во овој објект поради неговата нефункционалност долги години наназад, со што ќе се придонесе за поголем културен развој на општината.


фото: Инфоскопје