Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКирил Божиновски ќе добие кривична поради 600 лица кои не клателе ни врата, а земале плата

Кирил Божиновски ќе добие кривична поради 600 лица кои не клателе ни врата, а земале плата

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски денеска најави дека ќе биде поднесена е кривична пријава против поранешниот генерален секретар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски бидејќи со вработувањето на 600 лица во Државниот секретаријат кои не оделе на работа, а земале плата, го оштетил буџетот за 824.000 и евра.

Тој истакна дека веќе се покренати дисциплински постапки против 60 лица како.

– Располагаме со писмена евиденција, и тоа како доказ ќе биде доставено до Јавното обвинителство, од којашто се гледа дека овие вработени, во последните 2, 3 или 4 години, зависно од тоа кој кога е примен на работа, еднаш во неделата во однапред подготвен распоред, доаѓале да се потпишуваат дека се присутни тој ден. Во останатите 4 дена немале никаква обврска. И во истиот ден кога доаѓале на работа, немале никаква друга обврска, туку едноставно требале да дојдат и да се потпишат – рече Рашковски.

Вработените, кои фигурирале на платниот список, но не работеле, користеле, годишен одмор, платено отсуство, но исто така биле и фиктивно оценувани за својата работа. Тие секогаш добивале средна оцена тројка, која како што рече Рашкосвки, според законот им гарантира останување на истата позиција, односно дека нема ниту да бидат унапредени, ниту пак ќе биде спуштени на пониско работно место.