Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКире Наумов реагираше на новото задолжување

Кире Наумов реагираше на новото задолжување

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов реагираше за новото задолжување на владата кај домашните кредитори. И покрај одлуката на Управниот суд, со која е поништена одлуката на Државната изборна комисија, министерот Ставрески запиша нови 13,382 милиони евра и го зголеми јавниот долг за нето-износ од речиси 10 милиони евра – се вели во соопштението од кабинетот на Наумов.

Според него, со петте одржани аукции, направен е нов нето-долг од 56 милиони евра. Во овој момент јавниот долг изнесува 48 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).

„Министерот за финансии на денешната аукција запиша износ четирипати поголем од износот потребен за враќање на доспеаните долгови. Во првите 36 дена од годината веќе 30 отсто од планираниот дефицит за целата година е реализиран. Министерот за финансии може да продолжи да се повикува на неправосилност на одлуката на Управниот суд и со тоа да продолжи да ја задолжува самоволно државата, иако е свесен дека одлуката на Државната изборна комисија е оспорена и постои првостепена одлука на суд, со која истата е поништена“ – се вели во соопштението.