Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКирацовски: Ако судиите вака продолжат ќе станат соучесници во злоделата на „Крвавиот четврток“

Кирацовски: Ако судиите вака продолжат ќе станат соучесници во злоделата на „Крвавиот четврток“

На 27 април не се случи само насилство во Собранието, туку се случи и терористичко загрозување на уставниот поредок. На 27 април во Собранието се изврши планиран организиран и контролиран, за среќа неуспешен обид за убиство на дел од пратениците, рече денеска Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

– Пресудите на дел од обвинетите кои што ги видоме пред некој ден претставуваат срам за ова судство и се апсолутно несоодветни. Ако судот и обвинителстото продолжат на ист начин да ги третираат и останатите насилници кои се обвинети, им порачувам дека ќе станат апсолутно, соучесници во злоделата од 27 април.

Јавното обвинителство мора посоодветно да се зафати со работата околу расветлувањето на овој случај, мора да се пронајдат сторителите, соодветно да се обвинат и соодветно да се казнат. Во спротивно, ќе се испрати несоодветна порака во јавноста, порака за неказнивост и наместо спласнување на ваквите негативни дејанија, ќе се изврши поттик на истите – побара Кирацовски.