Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСеверен Кипар наскоро ќе премине кон еврото

Северен Кипар наскоро ќе премине кон еврото

Турската приватна телевизија CNN Turk ја изнесе веста за преминувањето на Северен Кипар кон еврото, процес којшто ќе започне со доаѓањето делегацијата на Европската централна банка другиот месец .

Активностите за подготовка за воведување на заедничката европска валута нема да го чекаат постигнувањето на договорот меѓу лидерите на двете кипарски заедници и неговото одобрување на референдум,  известува кипарската турска телевизија БРТ.
Турската единица во новата кипарска федерација ќе има можност уште една година да ја користи својата сегашна валута – турската лира, пред целосно преминување кон еврото и постигнување на решение за кипарскиот проблем.