HomeРЕФЛЕКТОРФилмКинезите направиле своја верзија од филмот „Mad Max“

Кинезите направиле своја верзија од филмот „Mad Max“

Познати по „позајмувањето“ на идеи, Кинезите го претставија својот најнов акционен филм познат под називот „Mad Shelia“, комплетен плагијат на остварувањето на Џорџ Милер, „Mad Max: Fury Road“. Судејќи според трејлерот, станува зобр за лошо направен фалсификат кој некако повеќе потсетува на пародија отколку на вистинска акција, но можеби на некој ќе му се допадне и оваа верзија.

Доколку го имате гледано „Mad Max: Fury Road“ тогаш отприлика ќе знаете и што се случува во овој филм. Продуцентите на овој филм отишле чекор понапред. Тие се убедени дека имаат хит пред себе и веќе се подготвуваат за продолженија. Вториот дел би требало да се вика „Mad Shelia: Virgin Road“, а третиот „Mad Shelia: Vengeance Road“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com