Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКинеските милионери си купуваат државјанства низ светот

Кинеските милионери си купуваат државјанства низ светот

Кинеските милионире кои интересно според проценките ги има околу 1 милион имаат нов тренд на однесување, а тоа е купување на државјанство надвор од Кина. Владите на повеќе моќни држави во светот сакаат да го искористат овој тренд и на богатите кинези им нудат различни начини за купување на државјанство преку „инвестициски виза“, односно доделување дозвола за престој и работа доколку ги донесат и милионите со себе.

china millionaires2

Во Австралија условот е кинеските милионери да уплатат околу 5 милиони австралиски долари за инвестиции во различни области со кои добиваат постојано жителство. Во САД кинезите се привлекуваат со поволни можности за инвестиции во јавниот сектор кои се со најмал ризик или пак инвестции во индустрии со голем број на вработени каде исто така добро би прошле.

На овој начин добар дел од елитниот кинески капитал се сели од најголемата земја во светот, а покрај парите се селат и милионерите со нивните богати семејства. Причината за преселба се бара во добивање на нов општествен статус, меѓусебно докажување, но и можност за поголема заработка и ширење на кинеските компании кои без оглед каде отвараат преставништво задолжително испраќаат свои луѓе во раководствата.