HomeДЕНЕШНАСветКинеските астронаути пристигнале во вселенската станица

Кинеските астронаути пристигнале во вселенската станица

Двајцата кинески астронаути утрово пристигнале во вселенската станица, каде ќе треба да останат еден месец, што ќе биде најдолгата кинеска експедиција во вселената. Агенцијата „Синхуа“ пренесе дека леталото „Шенџоу 11“, кое било лансирано во понеделникот, рано утрово се споило со вселенската станица „Тијангонг 2“.

Планирано е во станицата да бидат изведувани експерименти во врска со медицината и вселенската технологија и да бидат испробани системи и процеси за лансирање на основниот модел на вселенска станица 2018 година. Се очекува дека вселенската станица ќе биде потполно оперативна за шест години, а дека ќе работи најмалку една деценија.

Во екипажот се командантот на мисијата Џинг Хајпенг и Чен Донг, на кого ова му е прв лет во вселената. Кина првата вселенска мисија со човечки екипаж ја имаше пред 13 години и ова е шеста од тогаш. Кина не учествува во работата на Меѓународната вселенска станица, во главно поради загриженоста на САД поради тоа што во кинеската вселенска програма учествува и војска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com