Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКинескиот виролог Ли Менг Јан, твдри дека коронавирусот настанал во воена лабараторија.

Кинескиот виролог Ли Менг Јан, твдри дека коронавирусот настанал во воена лабараторија.

Поминаа повеќе од шест месеци, откако низ целата планета се рашири пандемијата од Ковид-19 вирусот. Се соочуваме со досега најголемата пандемија од грип во изминатите 100 години, која однесе повеќе од 1 милион животи, а преку 32 милиони луѓе се заразени. Човештвото е клекнато на колена, здравствените и економските последици се катастрофални, и за многумина поужасни од тие во Втората светска војна. Совладување на пандемијата од Ковид-19 не е, ни на повидок, се додека не се пронајде вакцина, која ќе биде распространета низ сите земји и ќе биде пуштена во масовна употреба.

 

Иако научниците ширум светот тврдат дека вирусот настанал во природата и дека никако не можел да биде вештачки створен, Ли Менг Јан, кинески виролог, тврди дека коронавирусот настанал во воена лабораторија.

Таа го обвинува Пекинг дека го фабрификувал геномот на вирусот за да го прикрие фактот дека развил биооружје.

Ли Менг наведува дека вирусот е значајно вирулентен и може да предизвика големи жртви. Многу е заразен и лесно се пренесува, често преку респираторен пат во облик на аеросолиРелативно е отпорен на промените во животната средина, може да издржи транспорт и способен е за целно испуштање.

Професорката Ли Менг и нејзините тројца колеги на повеќе од 50 страници тврдат дека вирусот SARS-KoV-2 настанал во неколку светски лаборатории, од кои оние во Кина се под контрола на тамошната војска.

Прочитајте и…  Виц на денот: Печурки

Како еден од главните автори на коронавирусот таа ја означува докторката Зенгли Шу, која во западните медиуми е позната како „Бетвомен“ (жена лилјак), а во 2012 година експериментирала со лилјаци.

Трудот на професорката Ли Менг Јан е објавен на 8 октомври на истражувачкиот ковид-портал Зенодо: „SARS-KoV-2 како неограничено биолошко оружје“.

Ли Менг е професорка од најреферентната биолабораторија од Универзитетот во Хонгконг, а од 28 април живее во САД. Во Америка професорката е дочекана како „кинески Сноуден“ и треба да сведочи за одговорноста на Кина за појавата на заразата.

Во меѓувреме, кон средината на септември суспендирани ѝ се налозите на социјалните мрежи во САД, откако на Фокс њуз зборуваше за биотероризмот. Минатата недела нејзината мајка била уапсена во Кина.

Претходно тврдеше дека лично го известила својот шеф, првиот човек на најпрестижната биолабораторија на светот на своето истражување дека вирусот е плод на кинеските лаборатории. Според нејзините зборови, шефот ѝ советувал да молчи поради нејзина безбедности и затоа се одлучила да побегне во САД.