Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКинески туристички водич закла туристка за место на масата

Кинески туристички водич закла туристка за место на масата

Кинески водич со нож уби и рани двајца туристи во познатиот кениски национален парк Масаи Мара, по бизарна расправија околу место на масата, објавија во вторникот полицијата и кампот во кој се случил инцидентот.

Џон Кирути, управител на кампот Кикерок изјавил дека туристката, исто така, 45-годишна Кинеска, се здобила со тешки повреди во градите и подоцна починала во друг камп каде што била префрлена за да ѝ биде укажана помош. Нејзиниот 47-годишен сопруг е тешко повреден во стомакот.

„Туристичкиот водич, кој доведе туристи од својата земја, влезе во кавга со двојката околу местата на масата на која требаше да вечераат. Откако се спречкаа, извади нож и тешко ги повреди жената и нејзиниот сопруг“, рекол Кирути.

Нивните две деца, на возраст од девет и дванаесет години, присуствувале на инцидентот. „Хотелскиот персонал го совлада водичот. Децата уште се во шок. Ќе ги префрлиме во Најроби“, додал Кирути. Полицијата подоцна го уапсила кинескиот туристички водич. „Ќе биде во притвор додека не ја завршиме истрагата. Ова е тажен инцидент поради кој сите искрено жалиме“, изјавил началникот на локалната полиција Абди Галаго.

Макфакс