Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКина заинтересирана за изградбата на Чебрен и Галиште

Кина заинтересирана за изградбата на Чебрен и Галиште

Министерот за економија, Дритон Кучи, остварил работна средба со aмбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Вен Женшун, при што разговарале за успешната економската соработка меѓу двете земји.

-Реализираните проекти во областа на енергетиката, како што е изградбата на електраната Козјак, интересот на компании од Кина за изградба и на електраните Чебрен и Галиште и проектите за изградба на автопатската инфраструктура во Македонија, кои се во фаза на реализација беа тема на разговор на денешната работна средба во Скопје меѓу министерот за економија Дритон Кучи и амбасадорот на НР Кина во Македонија, Вен Женшун, информираат од Министерството за економија.