Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиКина забрани новинарите да ги користат социјални мрежи како извори

Кина забрани новинарите да ги користат социјални мрежи како извори

Кинеското биро за сајбер простор воведе забрана со која новинарите не смеат да ги користат социјалните мрежи и статусите на корисниците како извори на информации, без да пишуваат со факти базирани на сведоштва, докази и документи. Овој потег има добри и лоши последици.

Убаво е да се подигнат новинарските стандарди со почитување на етиката и проверка на вистината пред нешто да се објави, но од друга страна многу активисти стравуваат дека ќе се ограничи слободата на говорот бидејќи со огромната државна цензура само интернет медиумите и социјалните мрежи се единствени каде може да се пласира друго мислење, став или пак важна информација која некој сака да ја скрие.

Власта секако, се оправдува дека медиумите треба да имаат развиени внатрешни механизми за проверка на сите информации, без оглед на нивниот извор, бидејќи за секоја лажна вест или ширење на шпекулации ќе следат остри казни.