Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКина повторно зафатена од масовна експлозија, населението засилено се евакуира

Кина повторно зафатена од масовна експлозија, населението засилено се евакуира

Тианџин, кинескиот град кој пред неколку дена беше мета на силна експлозија, е повторно окупиран од големи пламени јазици и силни експлозиви.

„Гардијан“ пишува дека на местото на предходните детонации во коисе убиени најмалку 85 лица, повторно избувнале седум или осум нови експлозии, по што силите за безбедност започнале забрзана евакуација на целото население во радиус од три километри.

Истрагата за причините за детонациите сè уште трае, а постојат повеќе верзии за тоа што всушност експлодирало – од оружје до хемикалии. Експертите веруваат дека е можно првата експлозија да е последица од поливање на калциум карбонат со вода.