HomeДЕНЕШНАЕкономијаКина повторно пред САД според бројот на милијардери

Кина повторно пред САД според бројот на милијардери

Годишната листа на кинески богаташи повторно покажа дека Кина има повеќе доларски милијардери од САД и дека разликата меѓу двете земји се зголемува, пренесуваат во четврток британските медиуми.

Магнатот со недвижнини Ван Џианлин од компанијата Dalian Wanda го зазеде првото место на табелата со 594 милијардери во Кина, додека во САД има 535. Неговото лично богатство изнесува 32,1 милијарда долари, пренесе во четврток британски BBC.

Зад петици му е основачот на Алибаба, Цек Ма, со имот од 30,6 милијарди долари, кој за една година порасна за 41 отсто. Третото место со 24,6 милијарди долари го зазеде Пони Ма од компанијата Тенсент, интернет гигант за онлајн обложување.

Годишната листа на богаташи во Кина ја состави шангајската издавачка куќа Hurun и не ретко ја споредуваат со онаа што ја прави Forbes. Извештајот на Hurun за богаташите внимателно се следи и е најточна проценка на имотот во Кина. Годишните извештаи се објавуваат веќе 18 години.

Најголем напредок на табелата оствари Јао Зенгуа од инвестициската компанија, која се занимава и со недвижности, Baoneng Group, чие богатство е зголемено за повеќе од девет пати, на 17,2 милијарди долари, со што се најде на четвртото место.

Повеќето кинески богаташи живеат во Пекинг, а следат Шензен, Шангај и Хангзоу.

Глобално на листата на богаташи на Forbes, на прво место е основачот на Microsoft Бил Гејтс, со богатство од 75 милијарди долари. Следат Армандо Ортега, сопственикот на Zara, како и легендарниот инвеститор Ворен Бафет, потсетува BBC.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com