Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКина погодена од најсилниот тајфун – Милиони надвор од домовите

Кина погодена од најсилниот тајфун – Милиони надвор од домовите

Кина се соочува со еден од најсилните тајфуни во историјата и речиси милион луѓе од источното крајбрежје се евакуирани од своите домови. Тајфунот наречен Чан Хом се движи со брзина од 173 километри на час и целосно го наруши сообраќајот по вода, земја и воздух во провинциите Женџианг и Џиангсу.

china tajfun

Досега за среќа нема жртви од силното невреме, а државните агенции проценуваат дека материјалната штета ќе се изнесува околу 350 милиони долари со големи последици врз инфраструктурата и економијата.