Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Кина: Огромна дупка се отвори среде улица и проголта неколку минувачи

(Видео) Кина: Огромна дупка се отвори среде улица и проголта неколку минувачи

Огромна дупка во асфалт се отвори во ценарот на кинескиот град Џенгџоу и проголта неколку минувачи, при што едно лице и натаму се води како исчезнато.

Најмалку три лица паднале во дупката долга 30, широка 20 и длабока девет метри, која се отвори за време на поројните дождови што ја зафатија централна Кина.

Прелиминарната истрага покажа дека дупката настанала кога под притисок на големото количество на дождовна вода попуштиле цевките под асалтот.

Спасувачите од дупката веднаш извлекле еден маж и една жена, но втората жена, која во моментот на инцидентот се возела на велосипед, не е пронајдена и се уште води како исчезната.

Во дупката за време на потрагата по исчезнатата жена се пронајдени три велосипеди, чанти, чевли и делови од облека.