HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосКина: Најголемиот радиотелескоп на светот започна да работи!

Кина: Најголемиот радиотелескоп на светот започна да работи!

Радиотелескоп со пречник од 500 метри и површина околу 30 фудбалски терени од денес на кинеските експерти ќе им пренесува податоци од вселената. Една од главните задачи на гигантскиот уред ќе биде барање на докази за постоење на интелигентен живот надвор од нашата планета.

Проектот на најголемиот радиотелескоп, заедно со неодамнешното лансирање на втората кинеска вселенска станица, покажува колку растат амбициите на Кина во истражувањето на вселената и стекнувањето на престиж на меѓународен научен план. Официјалната кинеска новинарска агенција Синхуа пренесе дека стотици астрономи и вљубеници во вселенските истражувања присуствувале во пуштањето во работа на радиотелескопот.

teleskop-f2

Научниците открија дека овој радиотелескоп ќе биде задолжен да ги „лови“ гравитационите бранови, да забележува радио емисија со ѕвезди и да препознава знацина интелигентен живот надвор од нашата планета. Телескопот со пречникод 500 метри се наоѓа во руралната зона на јужната провинција Гуиџу меѓу три планини. Неговата изградба траела пет години и чинела 180 милиони долари.

teleskop-f5

Изградбата на конструкцијата од 4.450 панели започнала во 2011 година и е завршена во јули. Завршена е и изградбата на туристичките пристапи, како што е тераса за набљудување на околните планети. Кина издвојува милијарда долари за вселенски истражувања и освојување на вселената кое го смета за симбол на нова сила на земјата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com