HomeДЕНЕШНАЕкономијаКина ќе гради свој „Холивуд“ вреден 2.2 милијарди долари

Кина ќе гради свој „Холивуд“ вреден 2.2 милијарди долари

hollywood-1024x440

Кина ќе вложи 2.2 милијарди долари во нов филмски град по теркот на Холивуд со голем број на филмски студија, забавни паркови, содржини за туристи и посетители, како и деловни објекти.  Тој ќе го носи името на иницијативата „Еден појас, еден пат“, дел од „Новиот пат на свилата“, сеопфатната стратегија на Кина за меѓународна трговија.

Изградбата на паркот ќе стартува во 2017 година. Компании од десеттина земји ќе се вклучат во изградбата на различни делови од проектот, вклучувајќи тематски парк и туристички град.

Паркот ќе послужи како платформа за спроведување саеми, ќе ја стимулира размената и соработката меѓу кинеските и странските филмски претпријатија, ќе го интегрира традиционалниот сектор со најбрзо растечка индустрија за онлајн забава, игри, виртуелна реалност и технологии со збогатена реалност.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com