Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКина ја обвини Америка за милитаризација на Јужното море

Кина ја обвини Америка за милитаризација на Јужното море

Министерството за одбрана на Кина упати нова серија на обвинувања кон американската влада за милитаризација на Јужното кинеско море со поставување на голем број воени бродови и носачи на авиони и спроведување на зеднички воени вежби со своите сојузници. Кина оценува дека САД ја подигнува реториката на воена состојба пред самитот во Малезија каде ќе се разговара за поморските спорови.

us navy

Според кинеските власти Америка премногу се меша во односите во Југостична Азија и завзема страна што не е пожелно за создавање на атмосфера на мир и градење на доверба. Од друга страна пак, САД ја обвини Кина дека гради упоришта на повеќе острови и го зголемува военото присуство што ги вознемирува Малезија, Виетнам, Филипини и останатите држави. Следната недела во Малезија ќе преговараат Џон Кери државниот секретар на САД и министрите за надворешни работи на земјите од Југоисточна Азија.