Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКина ја гради највисоката брана во светот

Кина ја гради највисоката брана во светот

Кина ја започна изградбата на една од највисоките брани во светот која во вертикала ќе има бетонски ѕид висок 314 метри, а ќе биде значаен енергетски извор поставена на моќната река Јангце. Според проекциите министерството за животна средина на Кина објави дека браната наречена Шуанџианкоу ќе биде готова до 2022-ра кога ќе биде пуштена во употреба.

Кина прави огромни проекти во изминатите години за добивање на големи енергетски капацитети од хидропотенцијалите, а Шуанџианкоу чини неверојатни 5.8 милијарди долари и пред втората брана по големина Џингпинг1 со 302 метри исто така изградена во најголемата држава на светот.
Кина има поставено државна стратегија со која до 2030 година 20% од енергетските потреби ќе се обезбедат од чисти или обновливи извори и ќе се намали зависноста од нафта и фосилни горива.

kina brana2Обединетите нации имаат забелешки за проектите на Кина бидејќи се спроведуваат во населени области каде луѓето се принудени да се преселат за речиси минимални надоместоци, а има и големи штети во животната средина со намалување на рибниот фонд.