HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосКина испрати двајца свои астронаути на најдолг пат до сега

Кина испрати двајца свои астронаути на најдолг пат до сега

Започна шестата кинеска вселенска мисија, најдолга до го сега со човечки екипаж. Мисијата е предводена од страна на астронаутите Чен Донг и Џинг Хајпенг. Планирано е да останат 30 дена во космичка лабораторија, а во текот на престојот ќе тестираат системи за подолго останување во вселената, ќе ја истражуваат космичката физика и биологија и соларните олуи.

Двајцата кинески астронаути, Чен Донг и Џинг Хајпенг тргнаа на најдолгото патување во вселената кое ќе трае еден месец. Кинезите по шести пат лансираа вселенско летало, а за двајцата астронаути ова ќе биде трета посета во вселената. Леталото „Шенжоу 11“ ќе се спои со вселенската лабораторија „Тиангонг“, која од порано беше лансирана во орбитата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com