Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКина ги надмина САД по бројот на милијардери

Кина ги надмина САД по бројот на милијардери

Втората најголема светска економска сила во светот Кина сега има 596 милијардери, што претставува значителен пораст во однос на минатата година кога бројот на милијардери изнесуваше 242.

Бројот на милијардери во Кина за прв пат во историјата е поголем од Соединетите Американски Држави и покрај спориот раст на втората светска економија во светот, покажуваат резултатите од овогодинешното истражување, додека бројката на милијардери во САД изнесува 537.

Најбогатиот човек во Кина е Ванг Јианлин, чие богатство оваа година забележа пораст од дури 50 отсто и сега изнесува 34,4 милијарди долари, благодарејќи на растот на вредноста на неговите акции.

Како што стои во известувањето од ова истражување и покрај тоа што во Кина е забележан спор пораст во Економијата, сепак најбогатите Кинези успеале тоа лесно да го надминат и да ја забележат најдобрата година до сега.