Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКина е пред голема финансиска паника

Кина е пред голема финансиска паника

Берзата во Шангај бележи голем пад на вредноста поради намалениот обем на тргување со профитабилни акции и експертите проценуваат дека владините интервенции нема да издржат долго пред да се создаде голема паника на пазарот што може да доведе до големи финансиски штети.

Кинеската влада има поставено цел да ја одржи берзата со нови регулаторни правила кои ќе ја одржат довербата на инвеститорите, но вредноста на кинеските пазари значително опадна во јуни откако имаше прилично добар повеќе месечен раст.

Од Пекинг се уште ја бараат иделната формула за враќање на довербата на брокерите со послобдно тргување, најава за влез на неколку пензиски инвестициски фондови кои ќе се активираат со тргување, полесна монетарна политика и подобри административни мерки кои ќе ја одржат ликвидноста.

Доколку вредноста на берзата продолжи да паѓа кинеските компании и интитуции може да изгубат милијарди долари, а владата во Пекинг ќе се соочи со политички притисоци.