Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмКим Катрал: Јас не се чувствувам како една стара жена

Ким Катрал: Јас не се чувствувам како една стара жена

Актерката Ким Катрал, позната по нејзината улога како Саманта во популарната ТВ серија во светот “Сексот и градот”, во интервју за BBC откри дека веќе не се потпира на понудата на работни места во Холивуд.

Како таа открива, дека не сака да ја прифати понудата да игра “гротескна стара жена”, истакнувајќи дека публиката со 60 години ја доживува како многу стара жена.

“Јас тоа не сум и јас навистина не се чувствувам така”, рече Ким, додавајќи дека поради оваа ситуација, одлучи да се сврти кон извршен продуцент.

“Не зависам повеќе од Холивуд. Јас не се чувствувам под притисок дека треба да изгледам помлада. Ако сакав да изгледам различно, јас тоа и ќе го направев и не само поради работата, но затоа што јас лично се чувствувам добро”, вели Ким.