Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКилометарски колони на граничниот премин „Богородица“

Километарски колони на граничниот премин „Богородица“

Утрово, километарски колони возила го блокираа граничниот премин „Богородица“ од Грчката страна. Возилата и патниците со часови се заглавени и чекаат за влез во земјава.

Од АМСМ соопштија дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ има задржувања од 15-тина минути за излез од државата, додека на останатите премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на границата.